Кој ја обработува земјата своја, ќе се наситува со леб; а кој оди по стапките на безработниците, неразумен е. Желбата на грешникот е стапица од зло; но коренот на праведниците дава плод. Нечесниот се фаќа во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведниот ќе се спаси од неа. Од плодот на устата своја човекот се наситува со добро, и на човек му се дава според делата на неговите раце. Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар. Глупавиот веднаш ќе го покаже гневот свој, а благоразумниот ја смирува лутината своја. Кој го кажува она што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок говори измама. Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите лекува. Праведната уста вечно живее, а лажливиот јазик – само еден миг. Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротворците – радост. Праведниот нема да го достаса никакво зло, а безбожниците ќе бидат преполни со зло. Лажливата уста е одвратност пред Господ, а кој говори вистина, благоугоден Му е Нему. Расудлив човек го прикрива знаењето свое, а срцето на глупавите го разгласува своето безумие.
Прочитај Изреки 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 12:11-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа