Кој ја сака поуката, го сака знаењето; а кој го мрази изобличувањето – неразумен е. Добриот добива благодат од Господ, а на подмолниот Тој ќе му суди. Човек нема да се зацврсти со беззаконие; а коренот на праведните е неподвижен. Добродетелна жена е венец за мажот свој, а онаа, што го срамоти, е како гнилеж во коските негови. Мислите на праведните се правда, а плановите на безбожниците – подмолност. Зборовите на нечестивите се заседа за пролевање крв, а устата на праведните ги спасува. Каде и да се свртат нечестивите – исчезнуваат, а домот на праведните останува. Човекот го фалат според разумот негов, а развратниот по срце ќе биде презрен. Подобро да си мал, но да работиш за себеси, отколку да се правиш големец, а да немаш леб. Праведникот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на безбожникот е жестоко. Кој ја обработува земјата своја, ќе се наситува со леб; а кој оди по стапките на безработниците, неразумен е. Желбата на грешникот е стапица од зло; но коренот на праведниците дава плод. Нечесниот се фаќа во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведниот ќе се спаси од неа. Од плодот на устата своја човекот се наситува со добро, и на човек му се дава според делата на неговите раце.
Прочитај Изреки 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 12:1-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа