Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 11:16-31

Изреки 11:16-31 MK2006

Добрата жена спечалува слава, а работливиот човек се здобива со богатство. Милосрдниот човек си прави добро на душата своја, а жестокиот по срце го руши телото свое. Безбожникот врши измамлива ра­бота, а на оној што сее правда, наградата му е вистинска. Праведноста води кон живот, а кој се стреми кон зло, се стреми кон смртта своја. Подмолните по срце се одвратни пред Господ, а непорочните во својот пат Нему Му се благоугодни. Можеш со сигурност да речеш дека порочниот нема да остане не­казнет, а семето на праведните ќе се спаси. Она што е златна алка на носот кај свињата, тоа е жена убава, но без разум. Праведните сакаат само добро, а нечестивите ги очекува гнев. Еден раздава штедро, и уште му се додава; а друг преку мера е скржав, и пак е сиромав. Добротворната душа ќе биде наси­тена, и кој напојува други, и тој самиот ќе биде напоен. Кој задржува храна за себе, него народот го проколнува; а кој ја продава – врз главата негова стои благо­слов. Кој се стреми кон добро, тој бара благоволение; а кој бара зло, него и го снаоѓа. Оној што се надева на богатството свое, ќе пропадне; а праведниците како зелено дрво ќе напредуваат. Кој ја запустува куќата своја, ќе нас­леди ветар, а неразумниот му е слуга на мудриот. Плодот на праведникот е дрво на животот, а мудриот придобива човеч­ки души. Ако на праведникот му се плаќа на земјата, дотолку повеќе на нечес­тивиот и на грешниот.