Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 11:1-15

Изреки 11:1-15 MK2006

Неисправните мерила се одвра­тни пред Господ, а точните мерки Нему Му се угодни. Ќе дојде ли гордоста, ќе дојде и срамот, но мудроста е со смирените. Непорочноста на простодушните ќе ги раководи, а лукавството на подмолните ќе ги погуби. Богатството нема да помогне во денот на гневот, а правдата ќе спаси од смрт. Правдата на непорочниот го из­рамнува неговиот пат, а нечестивиот ќе падне поради својата нечесност. Правдата на простодушните ќе ги спаси, а беззакониците ќе бидат уло­вени од своето беззаконие. Со смртта на нечестивиот човек, исчезнува надежта негова, и очекувањето на беззакониците загинува. Праведникот се спасува од неволја, а место него во неа паѓа нечестивиот. Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење. Кога праведниците живеат во бла­госостојба, градот се радува, а кога за­гинуваат безбожниците, настанува ве­селба. Со благословот на праведните гра­дот се издига, а преку устата на нечес­тивите се разрушува. Малоумниот искажува презир кон ближниот свој, но разумниот чо­век молчи. Кој оди да озборува, издава тајна, но верниот човек ја чува тајната. Каде што нема водство, народот пропаѓа, а при многу советници жи­вее во благосостојба. Кој се застапува за друг, зло си до­несува, а кој го мрази давањето гаранција, тој е во безопасност.