Кој ја пази поуката, тој е на патот кон животот; а кој го отфрла разобличувањето – сѐ губи. Кој крие омраза, има лажлива уста; а кој шири клевети, е глупав. При многу зборување не се избегнува гревот, а разумен ќе бидеш ако ја воздржуваш устата своја. Јазикот на праведниот е одбрано сребро, а срцето на нечестивите – нема вредност. Устата на праведниот поучува мнозина, а глупавите умираат од недостиг на разум. Благословот Господов – збогатува, и не донесува со себеси тага. Глупавиот со веселба го прави она што е престапно, а на разумниот човек мудроста му е својствена. Од она од што се плаши нечестивиот, тоа ќе го снајде, а желбата на праведниците ќе се исполни. Како што виорот минува, така и нечестивиот ќе исчезне; а праведникот е врз вечни основи. Она што е оцетот за забите и димот за очите, тоа е мрзливиот за оние што го праќаат. Стравот Господов додава денови, а годините на нечестивите ќе се скратат. Очекувањето на праведниците е радост, а надежта на нечестивите ќе загине. Патот Господов е крепост за непорочниот, а пропаст за оние, што вршат беззаконие. Праведниот нема да се поколеба никогаш, а лошите нема долго да живеат на земјата. Од устата на праведникот тече мудрост, а развратниот јазик ќе биде пресечен. Устата на праведникот го познава благопријатното, устата на нечестивите – развратното.
Прочитај Изреки 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: Изреки 10:17-32
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа