Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 1:8-19

Изреки 1:8-19 MK2006

Слушај ја, синко, поуката на својот татко и не отфрлај го заветот на мајка си, зашто тоа е красен венец за главата твоја и украс за вратот твој. Синко, ако те мамат грешници, не попуштај; ако кажат: „Дојди со нас, да напра­виме заседа за убиство, да го пречекаме непорочниот без вина, жив да го голтнеме, како што голта пеколот, и цел како оној што слегува во гроб; да си натрупаме секаков скапоцен имот, да ги наполниме куќите наши со плен; ти ќе фрлаш ждрепка заедно со нас, една торба ќе има за сите нас.“ Синко, не оди на пат со нив, за­држи си ја ногата од патеките нивни, зашто нозете нивни трчаат кон злото и брзаат крв да пролеваат; зашто напразно е да се распнува мрежа пред очите на сите птици. Но тие прават заседа против крв­та своја, демнат против душите свои. Такви се патиштата на секој, кој е алчен на туѓ имот: тоа му го одзема животот на оној, што го заграбил.