Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Филипјаните 2:19-30

Филипјаните 2:19-30 MK2006

А се надевам во Господ Исус дека наскоро кај вас ќе го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам со духот. Всушност, немам ниту еден исто­мисленик, кој толку искрено би се гри­жел за вас. Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос; а неговата опитност е позната; тој, како син на татко, слугуваше заедно со мене при благовестувањето. Него, пак, се надевам дека ќе го ис­пратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене; а се надевам во Господ дека и сам скоро ќе дојдам кај вас. Сметам дека е потребно кај вас да го испратам братот Епафродит, мој со­трудник и соборец во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои, бидејќи тој копнееше да ве види си­те вас и многу жалеше што сте чуле де­ка бил болен. Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, и не само не­го, туку и мене, за да не ми се натовари една жалост врз друга. Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видите пак, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален. Примете го, пак, во Господ со се­каква радост, и такви почитувајте, бидејќи за Христовото дело тој бе­ше скоро на умирање, не жалејќи го својот живот за да го дополни недости­гот на вашата служба кон мене.