Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 6

6
Закон за назирството
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#1 Мојс 28,20; Суд 13,5; Дела 21,23„Кажи им на синовите израелски и речи им: ако маж или жена даде завет за назирство и Му се посвети на Господ како назир, 3#3 Мојс 10,9; Лк 1,15тој треба да се воздржува од вино и од секаков друг алкохолен пијалак, и од вински оцет, и од оцет од друг алкохол, и не смее да пие ништо приготвено од грозје, а не смее да јаде ни свежо, ниту суво грозје; 4#Амос; 2,11-12во сите денови на својот завет тој не смее да јаде ништо што е приготвено од грозје, – од семките до лушпите. 5#Суд 13,5; 16,17; 1 Сам 1,11; Ис 7,20; Ез 5,1Во сите денови на неговиот завет за назирство брич не смее да ја допира главата негова; додека да минат де­новите, во кои Му се посветил на Господ како назир, тој е свет; треба да остави слободна да расте косата на неговата глава. 6#3 Мојс 21,1-3Во сите денови, во кои Му се посветил на Господ, тој не смее да се доближува до мртво тело; 7тој не смее да се осквернува ни со допир до таткото свој и мајката своја, до братот свој и сестрата своја, кога ќе умрат, зашто заветот на Бога е врз главата негова; 8во сите денови на неговиот завет нека биде свет пред Господ. 9#3 Мојс 14,8-22Ако некој кај него умре ненадејно, и со тоа се оскверни неговата посвета во назирство, да ја истриже главата своја во денот на своето очистување, на седмиот ден да ја истриже, 10#3 Мојс 5,7; 14,10.11а во осмиот ден да му однесе на свештеникот при влезот од скинијата на собранието две грлици или два млади гулаба. 11#2 Мојс 29,36Свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и ќе го очисти од осквернувањето со мртвото тело, и ќе ја освети главата негова во тој ден, 12#3 Мојс 5,15; 12,6и тој одново треба да ги почне на Господ посветените денови на своето назирство и да принесе едногодишно јагне како жртва за вина; поранешните, пак, денови да не се сметаат, зашто назирството негово било осквернето. 13#Дела; 21,23-24Ова е законот за назирот: во оној ден кога ќе завршат деновите на него­вото назирство, нека го доведат пред влезот од скинијата на собранието, 14#2 Мојс 12,5; 3 Мојс 4,3; 14,10и тој да принесе жртва на Господ едно едногодишно машко јагне без недостаток за сепаленица, и едно женско јагне без недостаток како жртва за грев и еден овен без недостаток како жртва за мир, 15#2 Мојс 29,2-3; 3 Мојс 2,4; 7,12и кошница со лебови без квас од пченично брашно, и лебови месени со масло, и бесквасни питки помазани со масло и лебен принос со нив и прелив. 16#3 Мојс 1,3И свештеникот да го донесе тоа пред Господ и да ја принесе жртвата негова за грев и сепаленицата негова; 17#2 Мојс 29,41; 3 Мојс 3,1овенот да Му го принесе на Господ како жртва за мир заедно со кошницата бесквасни лебови; исто така свеште­ни­кот да го принесе лебот и преливот за него. 18#Дела 21,24А при влезот од скинијата на собранието назирот да ја истриже својата посветена глава, и да ја стави косата од својата посветена глава на огнот што е под жртвата за мир. 19#3 Мојс 7,12И да земе свештеникот една сварена плешка од овенот, една бесквасна питка од кошницата и еден леб и да ги стави во рацете на назирот, откако тој ќе ја истриже својата глава; 20#3 Мојс 7,34; 10,14и да го издигне тоа свештеникот, нишајќи го пред Господ; тоа е светиња за свештеникот заедно со нишканите гради и издигнатата плешка. Потоа назирот може да пие вино. 21Тоа е законот за назирот, кој Му се посветил на Господ, и жртвата што Му ја принесува на Господ за неговиот завет, без да се смета она што може повеќе да даде: според заветот свој што го дал, така треба и да направи, заедно со озаконетото за неговото назирство.“
Начинот на благословување
22И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 23#5 Мојс 21,5; 1 Лет 23,13„Кажи му на Арон и на синовите негови: така да ги благословувате си­новите израелски и да им говорите: 24#1 Мојс 28,3; 5 Мојс 28,3-6; Пс 17,8; 28,9; 121,7-8да те благослови Господ и да те чува! 25#1 Мојс 43,29; Пс 4,6; 31,17; Јов 29,24да погледне кон тебе Господ со све­т­лото Свое лице и да те помилува; 26#Ис 14,7; Ер 33,6; Пс 122,6; Јн 14,27да го сврти Господ кон тебе лицето Свое и да ти даде мир! 27#5 Мојс 28,10; 2 Сам 7,23; Ер 25,29; Ез 36,23; 2 Лет 7,14Така да го повикувате името Мое над синовите Израелови, и Јас ќе ги благословам.“

Селектирано:

Броеви 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се