Броеви 5
5
Отстранување на нечистите
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#3 Мојс 13,45-46; 15,3; 5 Мојс 23,10-15; Мт 9,20„Заповедај им на синовите израелски да ги истераат надвор од населбата сите лепрозни, и сите што имаат капавица, и сите што се оскверниле од мртовец; 3#2 Мојс 29,45; 3 Мојс 26,12; 2 Кор 6,16и мажите и жените истерајте ги, надвор од населбата истерајте ги, за да не ги осквернуваат домовите свои, меѓу кои и Јас живеам.“ 4Така и направија синовите на Израел – ги истераа надвор од населбата: како што му рече Господ на Мојсеј, така и направија синовите израелски.
Отштета во случај на престап
5И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 6#Лк 19,8„Кажи им на синовите израелски: ако маж или жена направи кој и да било грев против човек и со тоа изврши престап против Господ, виновна е таа душа. 7#3 Мојс 5,5.16; Лк 19,8Нека го исповеда направениот грев и да го врати она, за што е виновен, и да додаде кон тоа уште една петина и да му го даде на оној, против кого згрешил. 8#3 Мојс 5,15; 6,6-7Ако тој човек нема наследник, кому би требало да му се врати за вината, тогаш да му го посвети тоа на Господ: нека биде тоа за свештеникот, освен овенот за очистување, преку кој ќе го очисти. 9#3 Мојс 22,12-16И секој принос од сѐ што ќе се осветува за синовите израелски, а ќе го донесуваат за Господ при свештеникот, нему му припаѓа; 10#3 Мојс 7,29-34и посветеното, од кого и да е, нему му припаѓа; и, ако некој му даде нешто на свештеникот, нему му припаѓа.“
Закон за жена осомничена во неверство
11И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 12„Зборувај со синовите на Израел и кажи им: ако некого го изневери жената и ја презре верноста кон него, 13или ако некој преспие со неа и излее семе, и тоа се прикрие од очите на мажот нејзин, или ако скрие дека се осквернила тајно, а против неа нема сведок, таа нема да биде разобличена; 14#Изреки 6,34; 27,4а него го обземе љубоморен дух, и почне да љубомори на жена си, кога таа е осквернета, или го обземе љубоморен дух, и тој почне да љубомори на жена си, кога таа не е осквернета, – 15#2 Мојс 16,36; 3 Мојс 5,11; Ез 29,16тогаш мажот нека ја доведе жената кај свештеникот и да принесе дар за неа една десетина од ефа јачмено брашно, но да не го полива со масло и да не става на него темјан, зашто тоа е жртва за љубомора, жртва за спомен што наспомнува за беззаконие. 16А свештеникот нека ја доведе жената и нека ја исправи пред Господ; 17и да земе тој света вода во глинен сад и прав од сувата земја во скинијата, и да го стави во водата. 18#3 Мојс 10,6; 1 Кор 11,6Потоа свештеникот да ја исправи жената пред Господ, и да ѝ ја открие главата и да го стави врз рацете нејзини приносот за спомен, – а тоа е принос за љубомора, а свештеникот да ја држи во раката горчливата вода, која носи проклетство. 19И свештеникот да ја заколне и да ѝ рече на жената: ако никој не бил со тебе, и ти не си се осквернила и не си го изневерила својот маж, нема да ти наштети оваа горчлива вода, која носи проклетство. 20Но, ако си го изневерила својот маж и си се осквернила, и ако некој, освен твојот маж, спиел со тебе, – 21#Ис.Н. 6,26; 1 Сам 14,24тогаш свештеникот нека ја заколне жената со клетвата за проклетство и нека ѝ рече: – Да те предаде Господ на проклетството и на клетва во твојот народ, и да даде Господ утробата твоја да се исуши, и стомакот твој да се надуе; 22#5 Мојс 27,15; Пс 109,18и да мине внатре во тебе таа вода што носи проклетство, па стомакот твој да се надуе и утробата твоја да се исуши. – А жената да каже: Амин, амин. 23#Ер 45,1И свештеникот да ги напише тие клетви на хартија, а потоа да ги избрише во горчливата вода; 24и да ѝ даде на жената да се напие од горчливата вода што носи проклетство, и да влезе во неа водата, и да ја наполни со горчевина. 25#3 Мојс 8,27И да го земе свештеникот од рацете на жената лебниот принос за љубомора, и да го издигне тој принос пред Господ, и да го однесе кај жртвеникот. 26#3 Мојс 2,2; 5,12И свештеникот да земе тогаш со рака малку од лебниот принос за спомен, да го изгори на жртвеникот и потоа да ѝ даде на жената да ја испие водата; 27#Ис 43,28; Ер 26,6; Ер 29,18и откога ќе ја напои со водата, ако е таа нечиста и ако направила престап спрема својот маж, горчливата вода што носи проклетство, ќе навлезе во неа, правејќи ѝ штета и стомакот ќе ѝ се надуе, и утробата нејзина ќе се исуши, и таа жена ќе биде проклета меѓу својот народ. 28Ако, пак, жената не е осквернета и останала чиста, ќе остане без повреда и ќе се оплодува од семе. 29Тоа е законот за љубомора: кога жената ќе го изневери својот маж и ќе се оскверни, 30или кога љубоморен дух ќе го обземе мажот, и тој почне да љубомори на жена си, тогаш тој нека ја исправи жена си пред Господ, и нека го изврши свештеникот над неа сѐ она според овој закон, – 31#3 Мојс 5,1и мажот ќе биде чист од грев, а жената ќе го прими врз себе својот грев.“
Селектирано:
Броеви 5: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006