И им рече Мојсеј на потомците на Гад и на Рувимовите потомци: „Браќата ваши ќе отидат во војна, а вие тука ли ќе останете? Зошто го одвраќате срцето на синовите израелски да одат во земјата што Господ им ја дава? Не направија ли така татковците ваши, кога ги испраќав од Кадис-Барнеа да ја видат земјата? Тие отидоа до долината Ешкол и ја видоа земјата, и го одвратија срцето на синовите израелски, за да не отидат во земјата, која Господ им ја дава; и во оној ден се разгори гневот на Господ и Тој се заколна, велејќи: ‚И тие луѓе што излегоа од Египет, од дваесет години и нагоре, нема да ја видат земјата, за која им се бев заколнал на Авраам, Исак и Јаков, зашто тие не Ме послушаа,‘ освен Халев, синот на Јефуне, и Исус, синот Навинов, зашто тие Му се покоруваа на Господ.
Прочитај Броеви 32
Сподели
Спореди ги сите верзии: Броеви 32:6-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа