Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 32:6-12

Броеви 32:6-12 MK2006

И им рече Мојсеј на потомците на Гад и на Рувимовите потомци: „Браќата ваши ќе отидат во војна, а вие тука ли ќе останете? Зошто го одвраќате срцето на сино­вите израелски да одат во земјата што Господ им ја дава? Не направија ли така татковците ваши, кога ги испраќав од Кадис-Бар­неа да ја видат земјата? Тие отидоа до долината Ешкол и ја видоа земјата, и го одвратија срцето на синовите израелски, за да не отидат во земјата, која Господ им ја дава; и во оној ден се разгори гневот на Господ и Тој се заколна, велејќи: ‚И тие луѓе што излегоа од Египет, од дваесет години и нагоре, нема да ја видат земјата, за која им се бев заколнал на Авраам, Исак и Јаков, зашто тие не Ме послушаа,‘ освен Халев, синот на Јефуне, и Исус, синот Навинов, зашто тие Му се покоруваа на Господ.