И го раскажа видението свое, велејќи: „Пророштво на Валаам, синот Беоров, пророштво на човекот со отворено око, пророштво на оној кој ги слуша зборовите Божји, кој ги знае тајните на Севишниот, ги гледа виденијата на Семоќниот, паѓа во екстаза и очите му се отвораат. Го гледам, но не е тоа сега, го посматрам, но не одблиску. Ѕвезда од Јаков се издига и жезол од Израел; тој ќе ги поразува кнезовите моавски и ќе ги ништи сите синови Ситови. И Едом ќе стане негов посед, а Сеир – негово наследство; Израел ќе ја покаже силата своја. Произлезениот од Јаков ќе завладее и ќе ги погуби преживеаните од градот.“
Прочитај Броеви 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: Броеви 24:15-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа