Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 20

20
Водата Мерива
1 # 2 Мојс 15,20; 5 Мојс 1,46; Суд 11,17; Пс 29,8 Тогаш синовите на Израел, цело­то општество, дојдоа во пустината Син во првиот месец, и народот се улогори во Кадис; таму умре Мирјам, каде што беше и погребана. 2#2 Мојс 17,1-7#2 Мојс 15,22За народот немаше вода, и тие се побунија против Мојсеј и Арон; 3#17,25-28и негодуваа против Мојсеј, велејќи: „О, да бевме умреле и ние тогаш, кога умреа нашите браќа пред Господ! 4Зошто го доведовте народот Госпо­дов во оваа пустина, па да изумреме тука – ние и добитокот наш? 5И зошто нѐ изведовте од Египет, па нѐ доведовте на ова лошо место, каде што не може да се сее, каде што нема ни смокви, ни лозја, ни калини, дури ни вода за пиење?“ 6#2 Мојс 40,2Тогаш Мојсеј и Арон се повлекоа од народот, кон влезот од скинијата на собранието, и паднаа ничкум, и им се јави славата Господова. 7#5 Мојс 8,15; Пс 105,41; Неем 9,15; 1 Кор 10,4И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 8#2 Мојс 4,2; Ис 41,18; Ер 31,9„Земи го жезолот свој и собери го народот, ти и братот твој Арон, и пред очите нивни кажете ѝ на карпата и таа ќе пушти од себе вода: и така, ти ќе им дадеш вода од карпата и ќе го напоиш народот и добитокот негов.“ 9Го зеде Мојсеј жезолот што е пред Господ, како што му заповеда Тој. 10#Пс; 106,32-33И го собраа Мојсеј и Арон народот кај карпата и тој им рече: „Чујте ме, непокорници, зар може од оваа карпа да ви извадиме вода?“ 11#Ис 33,21И ја крена Мојсеј раката своја и удри двапати на карпата со жезолот свој, и потече многу вода, и народот се напи, а и добитокот негов. 12#27,14; 5 Мојс 1,37; 32,51; Ис 5,16; Пс; 106,32-33И им рече Господ на Мојсеј и на Арон: „Поради тоа што не Ми поверувавте, и не ја засведочивте Мојата светост пред очите на синовите израелски, вие нема да го воведете тој народ во земјата, што Јас му ја давам.“ 13Тоа е водата Мерива#20,13 Кавга, кај која синовите израелски влегоа во кавга со Господ, и Тој ја покажа пред нив Својата светост.
Царот на Едом одбива да им обезбеди премин на Израелците
14 # 1 Мојс 25,30; 36,16; 2 Мојс 18,8; Суд 11,16-26 И испрати Мојсеј пратеници од Кадис до едомскиот цар за да му кажат: „Вака вели братот твој Израел: ти ги знаеш сите тешкотии што нѐ снајдоа; 15#1 Мојс 15,13; 46,6; 2 Мојс 1,14; 5 Мојс 26,5-10татковците наши слегоа во Египет, и ние живеевме во Египет долго време, и Египќаните лошо постапуваа со нас и со предците наши; 16#1 Мојс 16,11; 21,17; 2 Мојс 23,20; 5 Мојс 26,8и повикавме кон Господ, и Тој го чу нашиот глас, па испрати ангел, и нѐ изведе од Египет; и ете, ние сме сега во Кадис, град до самите твои предели. 17#21,22; 5 Мојс 2,27Дозволи ни да минеме преку твојата земја: нема да одиме преку ниви, ниту преку лозја, и нема да пиеме вода од кладенците твои: туку ќе одиме по главниот пат, и нема да скршнуваме ни десно, ни лево, додека да ги минеме твоите предели.“ 18#Суд 11,17Но Едом им рече: „Не минувајте преку мојата земја, зашто со војска ќе излезам против вас.“ 19#5 Мојс 2,6.28И му рекоа синовите израелски: „Ќе одиме по патот, и ако пиеме од водата твоја, јас и добитокот мој, ќе платиме за неа; ништо друго не бараме – само пешки да поминеме.“ 20Но тој рече: „Не минувајте!“ И Едом излезе против нив со многуброен народ и со голема сила. 21#5 Мојс 2,8; Суд 11,18И така, Едом не му дозволи на Израел да мине преку неговите предели. И Израел се повлече од него.
Смртта на Арон
22 # 33,38-39; 5 Мојс 1,46; 32,50 И се кренаа синовите израелски од Кадис, и целиот народ стигна до планината Ор. 23И им рече Господ на Мојсеј и на Арон на планината Ор, близу до пределите на едомската земја, велејќи: 24#1 Мојс 25,8; 2 Мојс 17,7„Нека умре Арон при народот свој, зашто тој нема да влезе во земјата, која Јас им ја давам на синовите на Израел, затоа што Ме огорчивте кај водата Мерива. 25И земи го Арон и синот негов Елеазар, и искачи ги на планината Ор; 26#3 Мојс 16,4; 5 Мојс 10,6и соблечи ја од Арон облеката негова и облечи го со неа синот негов Елеазар, и нека замине Арон и нека умре таму!“ 27И направи Мојсеј така, како што заповеда Господ. Тие се искачија на пла­нината Ор пред очите на целото општество, 28#2 Мојс 29,29; 5 Мојс 10,6; 32,50и ја соблече Мојсеј облеката од Арон и го облече со неа синот негов Елеазар. И умре таму Арон на врвот од планината, а Мојсеј и Елеазар слегоа од планината. 29#1 Мојс 27,41; 5 Мојс 34,8И целото општество виде дека Арон умре, и целиот израелски народ го оплакуваше Арон триесет денови.

Селектирано:

Броеви 20: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се