Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 20:6-12

Броеви 20:6-12 MK2006

Тогаш Мојсеј и Арон се повлекоа од народот, кон влезот од скинијата на собранието, и паднаа ничкум, и им се јави славата Господова. И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Земи го жезолот свој и собери го народот, ти и братот твој Арон, и пред очите нивни кажете ѝ на карпата и таа ќе пушти од себе вода: и така, ти ќе им дадеш вода од карпата и ќе го напоиш народот и добитокот негов.“ Го зеде Мојсеј жезолот што е пред Господ, како што му заповеда Тој. И го собраа Мојсеј и Арон народот кај карпата и тој им рече: „Чујте ме, непокорници, зар може од оваа карпа да ви извадиме вода?“ И ја крена Мојсеј раката своја и удри двапати на карпата со жезолот свој, и потече многу вода, и народот се напи, а и добитокот негов. И им рече Господ на Мојсеј и на Арон: „Поради тоа што не Ми поверувавте, и не ја засведочивте Мојата светост пред очите на синовите израелски, вие нема да го воведете тој народ во земјата, што Јас му ја давам.“