Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 17

17
Кадилниците на Кореовите приврзаници
1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#2 Мојс 6,23; 3 Мојс 10,1-3„Кажи му на Елеазар, синот на свештеникот Арон, да ги собере кадилниците на изгорените и огнот да го исфрли, бидејќи тие се осветија, 3#2 Мојс 20,24; 3 Мојс 10,1; Ер 44,29; Ез 14,8; 2 Птр 2,6кадилниците на овие грешници по­ра­ди нивната смрт, да се сплескаат на листови за оковување на жртвеникот, зашто тие ги донесоа пред лицето Гос­подово, и затоа се осветија; и тие ќе бидат опомена за синовите на Израел.“ 4Тогаш свештеникот Елеазар, ги зеде бакарните кадилници што ги беа донеле изгорените, и ги сплескаа на листови за оковување на жртвеникот, 5#2 Мојс 30,9; 2 Лет 26,18за да помнат синовите израелски, па никој надворешен, кој не е од Аро­новото семе, да не принесува темјан пред Господ, за да не стане и со него она што стана со Кореј и соучесниците негови, како што му беше рекол Господ преку Мојсеј.
Народот се буни против Мојсеј и Арон
6На вториот ден целото општество на синовите израелски се побуни против Мојсеј и Арон и рече: „Вие го униш­тивте народот Господов.“ 7#2 Мојс 16,7И кога се собра народот, за да ги нападне Мојсеј и Арон, тие се свртеа кон скинијата на собранието, и ете, ја покри облак и славата Господова се јави. 8И се приближија Мојсеј и Арон кон скинијата на собранието. 9И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 10#2 Мојс 32,10; 11; 2 Мојс 29,36; 3 Мојс 10,1.6; Пс 106,29„Отстранете се од тие луѓе и Јас во еден миг ќе ги погубам!“ Но тие паднаа на колена. 11И му рече Мојсеј на Арон: „Земи ја кадилницата, стави во неа оган од жртвеникот, сипи темјан и носи го тоа што побрзо кај народот и помоли се за нив, зашто гнев излезе од лицето на Господ, и почна да ги погубува луѓето.“ 12И направи Арон, како што рече Мојсеј, и се најде кај народот, и ете веќе почна помор меѓу народот. И тој исипа темјан и се помоли за народот: 13#Пс 106,30застана меѓу мртвите и живите, и поморот престана. 14Изумреа од поморот четиринаесет илјади и седумстотини души, освен умрените по делото на Кореј. 15Тогаш Арон се врати кај Мојсеј, при влезот од скинијата на собранието, откако престана поморот.
Ароновиот жезол
16И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи: 17#2 Мојс 4,2„Кажи им на синовите израелски и земи од нив по еден жезол од колено, по еден жезол од секој нивни кнез, дванаесет жезла, и името на секој напиши го на жезолот; 18Ароновото име напиши го на Ле­виевиот жезол, зашто тие треба да да­дат еден жезол, според племето на нив­ниот род, 19#2 Мојс 16,34; 25,22и стави ги во скинијата на собранието, пред ковчегот на заветот, каде што ви се јавувам; 20#2 Мојс 16,7; 25,21-22и кого Јас ќе го одберам, неговиот жезол ќе расцути; и така ќе го от­странам незадоволството на синовите израелски што го креваат против вас.“ 21И им рече Мојсеј на синовите на Израел, и сите началници нивни им дадоа, од секој началник по еден жезол, дванаесет жезла, според кнежествата свои и родовите нивни; и Ароновиот жезол беше меѓу жезлата нивни. 22Тогаш Мојсеј ги постави жезлата пред лицето Господово во скинијата на собранието. 23#Ез 17,24; Евр 9,4На вториот ден влезе Мојсеј во скинијата на собранието, и ете, Аро­новиот жезол, од Левиевиот дом, беше напупил, расцветал и родил бадеми. 24И ги изнесе Мојсеј сите жезла од лицето Господово пред сите синови на Израел; и тие го видоа тоа и секој си го зеде својот жезол. 25#2 Мојс 23,21; 5 Мојс 9,24; Пс 66,7; Евр 9,4И му рече Господ на Мојсеј: „Пос­тави го пак Ароновиот жезол пред ковчегот на заветот да се чува, како опомена за непокорните, па ропотот про­тив Мене да престане и тие да не умираат.“ 26И Мојсеј го направи тоа; како што му заповеда Господ, така направи.
Службата на свештениците и на левитите
27 # Суд 13,22; Ис 15,1 И му рекоа синовите израелски на Мојсеј: „Ете, ние умираме, гинеме, сите ќе изумреме; 28секој, кој се приближува кон скинијата Господова, умира: дали ќе изумреме така сите?“

Селектирано:

Броеви 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се