Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 8:9-18

Неемија 8:9-18 MK2006

Тогаш Неемија, и книжникот Ез­дра, свештеник, и левитите, кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Овој ден е свет пред Господ, вашиот Бог; не тажете и не плачете,“ – зашто сиот народ плачеше, слушај­ќи ги зборовите на законот. И им рече: „Одете, јадете добри јадења и пијте добри пијалаци, и ис­пратете им и на оние што немаат при­готвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господ е поткре­па за вас.“ И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: „Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.“ И појде сиот народ да јаде и да пие и да дели и на оние што немаа и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите што им ги кажаа. На другиот ден се собраа старе­шините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите кај книжни­кот Ездра, за да им ги објасни зборо­вите на законот. И го најдоа напишаното во за­конот што Господ го беше дал преку Мојсеј дека на празникот во седмиот месец синовите Израелови треба да живеат во колиби. Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, ве­лејќи: „Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива маслина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја за да направите колиби според запишаното.“ Отиде народот и донесоа, та си направија колиби, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворо­вите на Божјиот дом, и на плоштадот кај Водните Порти, и на плоштадот кај Ефремовите Порти. Целата заедница на оние, што се беа вратиле од пленство, направи колиби и живееја во колиби. Од дните на Исус, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израе­лови. Радоста беше многу голема. И читаа од книгата на законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празни­кот седум дена, а на осмиот ден – се одржа собор според уредбата.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност