Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 8:4-8

Неемија 8:4-8 MK2006

Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Матитија, Шема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасеја, а лево од него – Федаја, Мисаил, Малкија, Хашум, Хашба­дана, Захарија и Мешулам. Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стое­ше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана. Тогаш Ездра Го благослови Гос­пода, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, – кревајќи ги рацете нагоре, поклонувајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господ. А левитите Јешуа, Ваниј, Шеревија, Јамин, Акув, Шабетај, Ходија, Маасеја, Келита. Азарија, Јозавад, Ханан, Пела­ја му го објаснуваа зако­нот на народот, а народот стоеше на местата свои. И читаа разбирливо од книгите, од законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.