Неемија 8:4-8
Неемија 8:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Матитија, Шема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасеја, а лево од него – Федаја, Мисаил, Малкија, Хашум, Хашбадана, Захарија и Мешулам. Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стоеше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана. Тогаш Ездра Го благослови Господа, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, – кревајќи ги рацете нагоре, поклонувајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господ. А левитите Јешуа, Ваниј, Шеревија, Јамин, Акув, Шабетај, Ходија, Маасеја, Келита. Азарија, Јозавад, Ханан, Пелаја му го објаснуваа законот на народот, а народот стоеше на местата свои. И читаа разбирливо од книгите, од законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.
Неемија 8:4-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Книжевникот Ездра стоеше на дрвена говорница, што ја подигнаа за таа прилика. Покрај него стоеја: од десната страна Мататиј, Сема, Анај, Уриј, Хелкији Масиј, а од левата страна: Федај, Мисаил, Малхиј, Асум, Асвадон, Захариј и Месулам. Ездра го отвори свитокот пред очите на сиот народ - зашто беше повисок од сиот народ - а кога го отвори, сиот народ стана. Тогаш Ездра го благослови Господа, великиот Бог, а сиот народ, со подигнати раце, одговори: „Амин! Амин!“ Потоа клекнаа и се поклонија пред Господа, со лицето доземја. А левитите Исус, Ваниј, Серевиј, Јамин, Акув, Саветај, Одиј, Масиј, Келит, Азариј, Јозавад, Анан и Пелај му го објаснуваа Законот на народот, а народот стоеше на своето место. И читаа од свитокот на Божјиот Закон по одломки и ја разјаснуваа смислата за да може народот да разбере што се чита.