Неемија 8
8
Јавно читање на законот
1 #
3,26; 5 Мојс 28,61; 2 Лет 34,15 Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови беа населени по градовите, се собра сиот народ еднодушно на плоштадот што се наоѓа пред Водните Порти, и му рекоа на книжникот Ездра да ја донесе книгата на Мојсеевиот закон, која Господ му ја беше дал на Израел. 2#3 Мојс 23,23-25; 4 Мојс 29,1-6; 5 Мојс 31,11И свештеникот Ездра го донесе законот пред собранието од мажи, жени и сите што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец; 3и читаа од него на плоштадот што е пред Водните Порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и сиот народ со внимание ја слушаше книгата на законот. 4#2 Лет 6,13Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Матитија, Шема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасеја, а лево од него – Федаја, Мисаил, Малкија, Хашум, Хашбадана, Захарија и Мешулам. 5#Суд 3,20Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стоеше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана. 6#2 Тим 2,8Тогаш Ездра Го благослови Господа, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, – кревајќи ги рацете нагоре, поклонувајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господ. 7#3 Мојс 10,11; 2 Лет 17,7А левитите Јешуа, Ваниј, Шеревија, Јамин, Акув, Шабетај, Ходија, Маасеја, Келита. Азарија, Јозавад, Ханан, Пелаја му го објаснуваа законот на народот, а народот стоеше на местата свои. 8И читаа разбирливо од книгите, од законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното. 9#5 Мојс 12,7.12; 16,14-15Тогаш Неемија, и книжникот Ездра, свештеник, и левитите, кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Овој ден е свет пред Господ, вашиот Бог; не тажете и не плачете,“ – зашто сиот народ плачеше, слушајќи ги зборовите на законот. 10#3 Мојс 23,40; 5 Мојс 12,18; 1 Сам 25,8; 2 Сам 6,19; Ест 9,22; Лк; 14,12-14И им рече: „Одете, јадете добри јадења и пијте добри пијалаци, и испратете им и на оние што немаат приготвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господ е поткрепа за вас.“ 11И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: „Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.“ 12#Ест 9,22И појде сиот народ да јаде и да пие и да дели и на оние што немаа и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите што им ги кажаа.
Прославување на празникот
13На другиот ден се собраа старешините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите кај книжникот Ездра, за да им ги објасни зборовите на законот. 14#3 Мојс 23,33-36; 23,39-43И го најдоа напишаното во законот што Господ го беше дал преку Мојсеј дека на празникот во седмиот месец синовите Израелови треба да живеат во колиби. 15Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, велејќи: „Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива маслина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја за да направите колиби според запишаното.“ 16Отиде народот и донесоа, та си направија колиби, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворовите на Божјиот дом, и на плоштадот кај Водните Порти, и на плоштадот кај Ефремовите Порти. 17Целата заедница на оние, што се беа вратиле од пленство, направи колиби и живееја во колиби. Од дните на Исус, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израелови. Радоста беше многу голема. 18#3 Мојс 23,40; 5 Мојс 31,11; 33,10; Езд 3,4И читаа од книгата на законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празникот седум дена, а на осмиот ден – се одржа собор според уредбата.
Селектирано:
Неемија 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006