Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 7

7
Мерки за заштита на градот
1Кога ѕидот беше изграден, и ги поставија вратите, а и вратарите беа поставени на службата своја, и пејачите, и левитите, 2#1,2; 2 Цар 18,3тогаш управувањето на Ерусалим му го доверив на мојот брат Ананија, заедно со началникот на тврдината, Ананија, бидејќи тој беше од многу други поверен и побогобојазлив, 3и им реков: нека не ги отвораат ерусалимските порти, додека не из­грее сонцето; и навечер, додека врата­рите се наоѓаат тука, нека ги затвораат и заклучуваат портите. И определив стражари од жителите ерусалимски, секој на своја стража и секој спроти куќата негова.
Список на Јудејците вратени во Палестина
4 # 11,1 Но градот беше широк и голем, а народ во него имаше малку, и куќите не беа изградени. 5А мојот Бог ме вдахнови да ги соберам првенците и началниците и народот за да бидат внесени во родо­словниците. Па го најдов родо­словниот список на оние што беа дошле први; во него беше напишано: 6#Езд 2,1-70ова се жителите на земјата, кои се вратија од пленство, каде што беа преселени од вавилонскиот цар Наву­ходоносор и се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град – 7оние што тргнаа со Зоровавел, Јешуа, Неемија, Азарија и Раамија, Нахаманиј, Мардохеј, Билшан, Мис­перет, Бигвај, Нехум и Баана. Еве го бројот на народот Израелов: 8потомци на Парош – две илјади сто седумдесет и двајца. 9Потомци на Сафатија – триста седумдесет и двајца. 10Потомци на Арах – шестотини педесет и двајца. 11Потомци на Пахат-Моав, односно, потомци на Јешуа и Јоав – две илјади осумстотини и осумнаесет. 12Потомци на Елам – илјада двесте педесет и четири. 13Потомци на Зату – осумстотини четириесет и пет. 14Потомци на Закај – седумстотини и шеесет. 15Потомците на Бинуј – шестотини четириесет и осум. 16Потомци на Бевај – шестотини дваесет и осум. 17Потомци на Азгад – две илјади триста дваесет и двајца. 18Потомци на Адоникам – шестотини шеесет и седум. 19Потомци на Бигвај – две илјади шеесет и седум. 20Потомци на Адин – шестотини педесет и пет. 21Потомци на Атер, од Езекиевиот дом – деведесет и осум. 22Потомци на Хашум – триста дваесет и осум. 23Потомци на Бецај – триста дваесет и четири. 24Потомци на Хариф – сто и дванаесет. 25Жители од Гаваон – деведесет и пет. 26Жители од Витлеем и Нетофа – сто осумдесет и осум. 27Жители од Анатот – сто дваесет и осум. 28Жители од Бет-Азмавет – четириесет и двајца. 29Жители од Кирјат-Јарим, Кефира и Беерот – седумстотини четириесет и тројца. 30Жители од Рама и Гева – шестотини дваесет и еден. 31Жители од Микмас – сто дваесет и двајца. 32Жителите од Ветил и Гај – сто дваесет и тројца. 33Жители од другиот Нево – педесет и двајца. 34Потомци од другиот Елам – илјади двесте педесет и четворица. 35Потомци на Харим – триста и дваесет. 36Луѓе од Ерихон – триста четирие­сет и пет. 37Луѓе од Лод, Хадид и Оно – седумстотини дваесет и еден. 38Жители од Сенаа – три илјади деветстотини и триесет. 39Свештеници: потомци на Једаја од домот на Јешуа – деветстотини седумдесет и тројца. 40Потомци на Имер – илјада педе­сет и двајца. 41Потомци на Пашхур – илјада двесте четириесет и седум. 42Потомци на Харим – илјада и седумнаесет. 43Левити: потомци на Јешуа, и Кадмиел, од родот на Ходева – седумдесет и четири. 44Пејачи, потомци на Асаф – сто четириесет и осум. 45Чувари на портите: потомци на Селум, потомци на Атер, потомци на Талмон, потомци на Акув, потомци на Хатита, потомци на Шовај – сто триесет и осум. 46Прислужници во храмот: потомци на Циха, потомци на Хасуфа, потомци на Табаот, 47потомци на Керос, потомци на Сиа, потомци на Падон, 48потомци на Левана, потомци на Хагава, потомци на Салмај, 49потомци на Ханан, потомци на Гидел, потомци на Гахар, 50потомци на Реаја, потомци на Рецин, потомци на Некода, 51потомци на Газам, потомци на Оза, потомци на Пасеах, 52потомци на Бесај, потомци на Меуним, потомци на Нефушесим, 53потомци на Бакбук, потомци на Хакуфа, потомци на Хархур, 54потомци на Бацлит, потомци на Мехида, потомци на Харша, 55потомци на Баркос, потомци на Сисера, потомци на Темах, 56потомци на Нецијах, потомци на Хатифа. 57Потомци на слугите Соломонови: потомци на Сотај, потомци на Софе­рет, потомци на Перида, 58потомци на Јаала, потомци на Даркон, потомци на Гидел, 59потомци на Сафатија, потомци на Хатил, потомци на Похерет-Хаце­ваим, потомци на Амон. 60Сите прислужници на храмот и потомците од слугите Соломонови – беа на број триста деведесет и двајца. 61Еве ги и оние што дојдоа од Тел-Мелах, Тел-Харша, Керув-Адон и Имер, но не можеа да го кажат поколението свое и родот свој, дали се и тие од Израел: 62потомците на Делаја, потомците на Товија, потомците на Некода – шестотини четириесет и двајца. 63А од свештениците: потомците на Ховаја, потомците на Хакоц, потомците на Верзелиј, кој беше женет со една од ќерките на Верзелиј од Галаад и почна да се презива според нивното име. 64#2 Мојс 28,30Тие го бараа родословниот спи­сок, но не се најде, та затоа беа исклу­чени од свештенството. 65А управителот им забрани да јадат од најсветото на жртвите, сѐ додека не се избере свештеник со урим и тумим. 66Целото општество заедно беше четириесет и две илјади и триста шее­сет души, 67освен слугите нивни, кои беа седум илјади триста триесет и седум; и со нив пејачи и пејачки уште двесте четирие­сет и пет. Коњи имаа седумстотини триесет и шест, маски имаа двесте четириесет и пет, 68камили – четиристотини триесет и пет, магариња – шест илјади седумстотини и дваесет. 69Некои од родовските началници дадоа прилози за изградба. Управите­лот даде во ризницата илјада златни даријки, педесет чаши, петстотини и триесет свештенички одежди. 70А некои од старешините дадоа во ризницата за да напредуваат рабо­тите, дваесет илјади златни даријки и две илјади и двесте мини сребро. 71#2 Лет 29,7Други од народот дадоа дваесет илјади златни даријки и две илјади мини сребро и шеесет и седум свеш­тенички одежди. 72#Езд 3,1И така се населија во градовите свои свештениците и левитите, и вра­тарите и пејачите, и народот и слуги­те на храмот и сиот Израел.

Селектирано:

Неемија 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се