Кога го слушнав нивното лелекање и тие зборови, многу се јадосав. Срцето мое се возбуди, и јас строго ги прекорив првенците и војводите, велејќи им: „Вие земате лихва од браќата свои.“ И свикав против нив голем собир, па им реков: „Ние, според силите свои, ги откупуваме браќата свои Јудејци, продадени на народите, а вие ги продавате браќата свои, и тие ни се продаваат нам?“ Тие молчеа и не знаеја што да одговорат. Тогаш реков: „Не е добро тоа што го правите. Нели треба да одите во страв пред нашиот Бог за да го одбегнете потсмевот на народите, нашите непријатели? И јас и браќата мои и оние што служат кај мене им даваме на заем и сребро и жито: да им го простиме тој долг. Вратете им ги уште денес нивните ниви, лозјата нивни и маслиновите градини нивни, и куќите нивни, и лихвата од среброто, житото, виното и маслото што сте го зеле од нив.“
Прочитај Неемија 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Неемија 5:6-11
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа