Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 13

13
Неемија спроведува разни реформи
1 # 5 Мојс 23,3 Тој ден читаа од Мојсеевата книга гласно пред народот и најдоа напишано вака: Амонец и Моавец не смеат да влегуваат во Божјото општество дури довека. 2#4 Мојс 22–24; 5 Мојс 23,4-5Зашто тие не ги пресретнаа сино­вите на Израел со леб и вода, а го најмија против нив Валаам, за да ги проколне; но Бог наш ја претвори клетвата во благослов. 3Кога го слушнаа тој закон, тие го одделија од Израел сѐ она што беше од друго племе. 4А пред тоа свештеникот Елија­шив, поставен над одделите при домот на нашиот Бог, близок роднина на Товија, 5#3 Мојс 27,30; 4 Мојс 18,21одреди за него една голема соба, во која пред тоа ставаа лебен принос, темјан и садови, и десеток од житото, виното и маслото, определени со за­кон за левитите, певците и вратарите, и приносите за свештениците. 6Кога се случуваше сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто во текот на триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс бев кај царот и по извесно време пак се измолив од царот 7одново да се вратам во Ерусалим. Тогаш дознав за злото, што го беше направил Елијашив, определувајќи за Товија соба во дворот на Божјиот дом. 8#Мт 21,12-13; Мк 11,15-17; Лк 19,45-46; Јн 2,13-16Ми стана многу непријатно, и јас ја исфрлив сета покуќнина на Товија надвор од собата, 9#3 Мојс 2,1; 1 Лет 23,28; 29,5и реков да ја исчистат собата и порачав пак да ги внесат таму садо­вите на Божјиот дом, лебниот принос и темјанот. 10#5 Мојс 12,19; 2 Лет 31,4Дознав уште дека на левитите не им биле давани деловите, и дека левитите и певците што ја вршеа служ­бата своја, се разбегале секој на нивата своја. 11#Агеј 1,1-9; Мал 3,8-9Јас ги искарав за тоа началниците и реков: „Зошто е запустен Божјиот дом?“ И јас ги собрав и ги поставив по местата нивни. 12#10,38; Мал 3,10; 2 Лет 31,5И сите Јудејци почнаа одново да принесуваат десеток од житото, виното и маслото во одделите. 13И ги поставив како настојници Шелемија, и книжникот Садок, и Феда­ја од левитите, а при нив и Ханан, синот Закуров, син Матаниев, зашто се сме­таа за верни. И на нив им беше нало­жено да раздаваат делови на браќата свои. 14#1 Мојс 8,1; 2 Цар 20,3Спомни ме, Боже мој, за тоа, и не бриши ги сесрдните работи мои што ги направив за домот на мојот Бог и за службата при него! 15#10,32; 2 Мојс 20,8-11; 34,21; 5 Мојс 5,12-15; Ер 17,21-22Во тие дни видов во Јудеја дека во сабота гмечат грозје, возат снопја и товараат магариња со вино, грозје, смокви и секаков товар и го носат во саботен ден во Ерусалим. И јас ги искарав строго во истиот ден, кога ја продаваа таа храна. 16И Тирци живееја во Јудеја и довезуваа риба и секаква стока и ја продаваа во сабота на јудејските жители и во Ерусалим. 17Јас ги искарав првенците Јудејски и им реков: „Зошто вршите такво зло и го осквернувате саботниот ден? 18#Ер 44,23Така правеа татковците ваши, та затоа нашиот Бог го испрати врз нас и врз овој град сето тоа зло? А вие го зго­лемувате гневот Негов против Израел, осквернувајќи ја саботата.“ 19#3 Мојс 23,32Потоа, штом ќе зајдеше сонцето зад ерусалимските порти, спроти сабота, заповедав да ги затвораат вра­тите и по­рачував да не ги отвораат до утредента по сабота. А при портите поставив од своите слуги, та никаков товар да не премине во саботен ден. 20Така трговците и продавачите на секаква стока ноќеваа еднаш и двапати надвор од Ерусалим. 21Но јас ги скарав строго и им реков: „Зошто ноќевате до ѕидот? Ако го сторите тоа уште еднаш, ќе ставам рака на вас.“ Оттогаш тие не доаѓаат во са­бота. 22#1 Мојс 8,1И им реков на левитите да се очистат и да дојдат да чуваат стража при портите за да се зачува светоста на саботниот ден. Спомни ме и за тоа, Боже мој, и поштеди ме по големата Своја милост! 23#Суд 14,3; Езд 9,2Во тие денови видов уште Јудејци што си беа зеле жени Ашдотки, Амонки и Моавки; 24#Ест 1,22; 3,12; 8,9и затоа синовите нивни зборуваа полуашдотски, или според јазикот на другите народи, а јудејски не знаеја да говорат. 25#2 Мојс 34,16; Езд 10,5Јас ги искарав за тоа и ги проколнував, а некои мажи дури и ги тепав, косата им ја кубев и ги заколнував во Бога да не ги даваат ќерките свои за синовите нивни и да не ги земаат ќер­ките нивни за синовите свои и за себе. 26#1 Цар 11,1-13; 2 Лет 1,12Нели поради тоа, им зборував, грешел и Соломон, царот израелски? Во многу народи немало таков цар како него. Тој беше љубимец на својот Бог, и Бог го постави за цар над сите Изра­елци; но, пак, жени туѓинки го натераа во грев и него. 27#Езд 9,14И треба ли да слушаме за вас дека вие го вршите сето тоа големо зло, бидејќи грешите пред нашиот Бог, земајќи жени туѓинки? 28Еден од синовите на Јојада, син на првосвештеникот Елијашив, беше зет на Санавалат хорончанецот, јас го изгонив од Ерусалим. 29#4 Мојс 3,12Спомни им, Боже мој, дека тие го осквернија свештенството и заветот свештенички и левитски! 30Така го очистив народот од сѐ друго земно и ги установив службите на свештениците и на левитите, на секого во неговата работа, 31#1 Мојс 8,1и довозот на дрва во определено време и првините. Спомни ме, Боже мој, за мое добро!

Селектирано:

Неемија 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се