Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Наум 1:2-8

Наум 1:2-8 MK2006

Господ е Бог љубоморен и одмаздник, Господ е страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријате­лите Свои; не ги поштедува ни против­ниците Свои. Господ е бавен на гнев, а силен во моќта, така што не го остава винов­никот без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав под но­зете Негови. Ќе му се закани на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Башан и Кармил, и свенува цветот на Ливан. Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сѐ што живее во неа. Кој може да устои против гневот Негов? И кој може да го издржи пламенот од Неговата јарост? Гневот Не­гов се излива како оган; карпи се рас­паѓаат пред Него. Добар е Господ; Тој е прибежиште во ден на неволја. Тој ги заштитува оние, кои прибегнуваат кај Него, дури и при силни води. Тој ќе ги докрајчи Своите непријатели, ќе ги прогони Своите душмани до најцрната темнина.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност