Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Наум 1:2-8

Наум 1:2-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Господ е Бог љубоморен и одмаздник, Господ е страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријате­лите Свои; не ги поштедува ни против­ниците Свои. Господ е бавен на гнев, а силен во моќта, така што не го остава винов­никот без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав под но­зете Негови. Ќе му се закани на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Башан и Кармил, и свенува цветот на Ливан. Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сѐ што живее во неа. Кој може да устои против гневот Негов? И кој може да го издржи пламенот од Неговата јарост? Гневот Не­гов се излива како оган; карпи се рас­паѓаат пред Него. Добар е Господ; Тој е прибежиште во ден на неволја. Тој ги заштитува оние, кои прибегнуваат кај Него, дури и при силни води. Тој ќе ги докрајчи Своите непријатели, ќе ги прогони Своите душмани до најцрната темнина.

Наум 1:2-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ е Бог ревнител и одмаздник; Господ се одмаздува и се гневи; Господ им се одмаздува на Своите противници, издржлив е во гневот против непријателите. Господ е долготрпелив, ама голем во сила. Никако, Господ нема да ги пушти виновниците неказнети. Неговиот пат е во виор и во бура, облаците се прав на Неговите нозе. Му се заканува на морето и го исушува, ги пресушува сите реки. Васан и Кармил овенаа, венее цветот на Ливан. Пред Него горите се потресуваат, бреговите се топат, земјата се воздига пред Него, светот и сѐ што живее во него. Кој може да издржи пред Неговото негодување? И кој ќе издржи пред пламенот на Неговиот гнев? Неговиот гнев се излева како оган и стените се распаѓаат пред Него. Господ е добар, Тој е тврдина во ден на неволја, ги познава оние, кои прибегнуваат кон Него. Кога потопните води ќе поплават, ќе го уништи наполно нејзиното место, ќе ги протера Своите непријатели во мрак.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност