Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 9:42-48

Марко 9:42-48 MK2006

„А кој ќе соблазни едно од овие ма­лите, што веруваат во Мене, за него е подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море. И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку да имаш две раце и да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган, (каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.) И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку да ги имаш двете нозе и да бидеш фрлен во пеколот, во неизгасливиот оган, (каде што нивниот црв не умира ни огнот не изгаснува.) И, ако окото твое те соблазнува, из­вади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во ог­нениот пекол, каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност