Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 8:31-38

Марко 8:31-38 MK2006

Па почна да ги учи дека Синот Чо­вечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвеш­те­ниците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне. И говореше за тоа отворено. Но Петар, Го повлече настрана и почна да Го одвраќа. А Тој, кога се заврте и ги погледна учениците Свои, му забрани на Петар да говори и рече: „Бегај од Мене, сата­но! Зашто не мислиш на она што е Божјо, туку на она што е човечко!“ И кога го повика народот и уче­ниците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене. Зашто, кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој го загуби жи­вотот свој заради Мене и Евангелието, тој ќе го спаси. Зашто каква полза има човек, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се сра­ми од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Марко 8:31-38