Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 8:13-21

Марко 8:13-21 MK2006

И кога ги остави, пак влезе во ко­ра­бот и премина на другата страна. А тие, пак, беа заборавиле да земат леб и во коработ имаа само еден леб. А Тој им заповеда и рече: „Вни­ма­вајте, чувајте се од квасот фарисејски и од квасот Иродов!“ И си размислуваа меѓу себе, ве­леј­ќи: „Тоа е затоа што немаме леб.“ А Исус, кога ги разбра, им рече: „Зошто зборувате за тоа што немате леб? Зар уште не знаете и не разбирате? Уште ли е скаменето вашето срце? Очи имате, не гледате ли? Уши имате, не слушате ли? И не помните ли? Кога ги раскршив петте леба, за пет илјади души, колку полни кошеви со парчиња собравте?“ Му рекоа: „Два­на­е­сет.“ „А седумте – за четири илјади, кол­ку кошници со останати парчиња соб­равте?“ Тие одговорија: „Седум.“ И им рече: „Па како тогаш не раз­бирате?“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност