И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и падна пред нозете Негови. А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ. Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“ А таа одговори и Му рече: „Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“ И ѝ рече: „За ова што го рече – можеш да си одиш! Демонот излезе од ќерка ти.“ И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.
Прочитај Марко 7
Слушај Марко 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 7:24-30
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа