Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 7:24-30

Марко 7:24-30 MK2006

И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие. Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и пад­на пред нозете Негови. А таа жена беше друговерка, по по­текло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ. Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“ А таа одговори и Му рече: „Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“ И ѝ рече: „За ова што го рече – мо­жеш да си одиш! Демонот излезе од ќерка ти.“ И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Марко 7:24-30

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност