Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 6:1-7

Марко 6:1-7 MK2006

Па излезе оттаму и дојде во Својот крај; а по Него одеа и учениците Негови. И кога дојде саботата, Тој почна да поучува во синагогата и мнозина, што слушаа, се чудеа и говореа: „Од каде во Него ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чуда стануваат преку Неговите раце? Не е ли Тој дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јаков, Јосија, Јуда и Си­мон? И не се ли овде меѓу нас сестрите Негови?“ И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: „Пророкот никаде не е без почест, освен во својата земја, меѓу роднините и во својот дом.“ И не можеше тука да изврши никакво чудо; освен што излекува малку бол­ни, полагајќи ги рацете врз нив. И се чудеше на нивното неверие. Па одеше по околните села и поучуваше. И ги повика дванаесетте, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.