Марко 6:1-7
Марко 6:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус си замина оттаму и заедно со Своите ученици се врати во својот град. Во саботата Тој отиде во синагогата да поучува. Многуброен народ занесно Го слушаше, прашувајќи се: „Од каде го знае сето ова? Од каде Му е оваа мудрост и моќ да прави чуда? Не ли е ова дрводелецот - синот на Марија, братот на Јаков, Јосиф, Јуда и Симон? Нели сестрите Негови и денес живеат меѓу нас!?“ Така, жителите на Назарет со сомневање гледаа на Исус. Затоа Исус им рече: „Пророкот добива признание отсекаде, освен од својот град, од своите роднини и од своето семејство!“ Таму не можеше да направи многу чуда, освен што исцели неколку болни, допирајќи ги со Своите раце. Остана изненаден од нивната неверба. Исус одеше по околните села и поучуваше. Потоа ги повика Дванаесетте апостоли и ги испрати по двајца, давајќи им моќ да изгонуваат демонски духови.
Марко 6:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па излезе оттаму и дојде во Својот крај; а по Него одеа и учениците Негови. И кога дојде саботата, Тој почна да поучува во синагогата и мнозина, што слушаа, се чудеа и говореа: „Од каде во Него ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чуда стануваат преку Неговите раце? Не е ли Тој дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јаков, Јосија, Јуда и Симон? И не се ли овде меѓу нас сестрите Негови?“ И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: „Пророкот никаде не е без почест, освен во својата земја, меѓу роднините и во својот дом.“ И не можеше тука да изврши никакво чудо; освен што излекува малку болни, полагајќи ги рацете врз нив. И се чудеше на нивното неверие. Па одеше по околните села и поучуваше. И ги повика дванаесетте, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.
Марко 6:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И отиде оттаму и дојде во Својот роден крај, а Неговите ученици одеа по Него. А кога дој-де саботата, почна да поучува во синагогата, и мнозина, кои слушаа, се зачудија и рекоа: „Откаде Му е ова Нему? И каква е мудроста што Му е дадена? И какви чудеса прават Неговите раце? Не е ли овој дрводелец, Синот на Марија, и брат Јаковов, и Јосиин, и Јудин и Симонов? И не се ли Неговите сестри тука меѓу нас?“ И се соблазнија во Него. А Исус им рече: „Про-рок не е без чест, освен во својот роден крај, и меѓу своите роднини и во својата куќа.“ И не можеше таму да направи никакво чудо, освен што исцели малку болни, полагајќи ги рацете врз нив. И се чудеше на нивното неверие. И обиколуваше по околните села и поучуваше. И ги повика Два-наесетмината; почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.