А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што станало. И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот како седи облечен, и со здрав ум, во кого имаше легија, и се уплашија. А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со обземениот од зол дух и со свињите. И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта. А кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесомачен, Го помоли да биде со Него. Исус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“ Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.
Прочитај Марко 5
Слушај Марко 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 5:14-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа