Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 4:10-20

Марко 4:10-20 MK2006

А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетте, Го прашаа за параболата. И им кажа: „Вам ви е дадено да ја знаете тајната на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ ќе им се кажува во параболи, за да гледаат со очи и да не видат; да слушаат со уши и да не разбираат; зашто се плашат да не се обратат некогаш, па да им се простат гревовите.“ И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите параболи? Сејачот го сее словото. Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа сата­ната и им го грабе словото, посеано во срцата нивни. Исто така и посеаното на каменито место ги означува оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат, но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога ќе настане жалост или гонење заради словото, веднаш се соб­лазнуваат. Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото, но грижите за овој век, примам­ли­во­то богатство и други желби, кои, кога ќе се вселат во нив, го задушуваат сло­вото и тоа останува бесплодно. А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и донесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.“