Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 2:3-12

Марко 2:3-12 MK2006

И дојдоа кај Него со еден фатен, кого го носеа четворица; па, бидејќи не можеа да се прибли­жат до Него од народот, го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Тој и ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот. А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се простуваат гревовите твои!“ Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои: „Што хули Овој на Бога? Кој друг може да простува гревови, освен еди­ниот Бог?“ Исус, веднаш штом дозна со Својот дух дека тие така мислат во себе, им ре­че: „Зошто го помислувате тоа во срцата свои? Што е полесно да му кажам на фатениот: ‚ти се простуваат гре­во­ви­те‘, или да речам: ‚дигни се, земи ја пос­телката своја и оди‘? Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да ги простува гревовите“ – му рече на фатениот – „Тебе ти велам: стани, земи ја пос­телката своја и оди си дома!“ И тој стана веднаш, па, штом ја зеде постелката, се појави пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бо­га, велејќи: „Никогаш вакво нешто не сме виделе!“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Марко 2:3-12