Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 15:1-41

Марко 15:1-41 MK2006

И веднаш утредента првосвештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, одр­жаа состанок, па Го врзаа Исус, Го од­ведоа и Го предадоа на Пилат. А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти ве­лиш.“ И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но, Тој не одговори ништо. А Пилат пак Го праша и рече: „Ништо ли не одговараш? Гледаш кол­ку многу сведочат против Тебе!“ Но Исус ништо веќе не одговори, така што Пилат се чудеше. А на секој празник им ослободуваше по еден осуденик, кого што ќе го по­ба­раа. И имаше еден човек, по име Варава, во окови заедно со прид­руж­ни­ците, што во една буна извршиле убиство. И кога извика народот, почна да го моли Пилат да им го направи она, што го правел секогаш. А тој им одговори и рече: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ Зашто знаеше дека прво­свеш­те­ни­ците Го беа предале од завист. Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Ва­ра­ва. Пилат, пак, им одговори и рече: „Што сакате да направам со Оној, што Го именувавте Цар Јудејски?“ Тие одново извикаа, велејќи: „Распни Го!“ Пилат им рече: „Какво зло напра­ви­л?“ Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!“ Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исус Го камшикуваше и Го предаде да Го распнат. Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и по­викаа цела чета, па Му облекоа багреница, и откако сплетоа трнов венец, Му го кладоа на главата; и почнаа да Го поздравуваат: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ И Го удираа по главата со трска и плукаа на Него, Му се поклонуваа, па­ѓајќи на колена. А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат. И го натераа некој си Симон Кири­неец, таткото на Александар и на Руф, кој се враќаше од поле, да Му го носи крстот. Па Го одведоа на местото Голгота, што значи: место на черепи. И Му дадоа да пие вино со смирна, но Тој не зеде. Тие што Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка кој што да земе. Беше третиот час, и Го распнаа. И имаше натпис за вината Негова: „Цар Јудејски.“ А со Него распнаа и два разбојника, едниот од десната Негова страна, а другиот од левата. (И се исполни Писмото, кое вели: „И меѓу грешници Го ставија.“) А минувачите, вртејќи глава, Го хулеа и велеа: „Аха! Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси и слези од крстот!“ Исто така и првосвештениците со книжниците Му се смееја и велеа: „Другите ги спасуваше, а Себе не може да се спаси! Христос, Царот израелски, нека слезе сега од крстот, па да видиме и да поверуваме!“ Го хулеа и распнатите со Него. А во шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час. И во деветтиот час Исус извика гласно велејќи: „Елои, Елои, Лама са­вахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Бо­же Мој, зошто Ме остави?“ Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“ А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му да­ваше да пие, велејќи: „Почекајте да ви­диме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“ А Исус, пак, испуштајќи висок глас, издивна. И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу. А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“ Имаше и жени што гледаа одда­ле­ку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија, кои и тогаш, кога Тој беше во Гали­леја, врвеа по Него и Му служеа, и мно­гу други што беа дошле со Него во Еру­салим.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност