И ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован; се замисли и почна да тагува, па им рече: „Душата Ми е до смрт нажалена; останете тука и бидете будни!“ И штом се оддалечи малку, се фрли на земја и се молеше, за да Го одмине овој час, ако е можно; и велеше: „Ава, Оче! Сѐ е можно за Тебе; отклони ја од Мене оваа чаша; сепак не како Јас што сакам, туку како Ти!“ Па дојде и ги затече да спијат, и му рече на Петар: „Симоне, спиеш ли? Не можеше ли еден час да бидеш буден? Бидете будни и молете се да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.“ И пак отиде и се помоли, изговарајќи ги истите зборови. А кога се врати, ги најде пак како спијат, зашто очите им беа натежнале; и не знаеја што да Му одговорат. И по третпат дојде и им рече: „Само спиете и почивате! Свршено е, дојде часот; еве, се предава Синот Човечки во рацете на грешници.
Прочитај Марко 14
Слушај Марко 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 14:33-41
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа