Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 13

13
Исус го навестува разурнувањето на храмот
(Мт 24,1-2; Лк 21,5-6)
1А кога излегуваше од храмот, еден од учениците Негови Му рече: „Учителе, гледај какви камења и какви згради!“ 2#Лк 19,44Исус, пак, му одговори и рече: „Ги гледаш ли овие големи згради? Ни ка­мен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат!“
Страдања и прогонства
(Мт 24,3-14; Лк 21,7-19)
3 # 11,1; Мт 4,18.21 А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Го прашаа насамо Пе­тар, Јаков, Јован и Андреј: 4#2 Цар 20,8„Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се сврши сето тоа?“ 5Исус, одговарајќи им почна да збо­ру­ва: „Чувајте се да не ве прелаже не­кој! 6#Ер 14,14; Јн 5,43Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе пре­лажат мнозина. 7#Агеј 2,6; Дан 2,28А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да се случи; но тоа уште не е крајот. 8#Ис 19,2; 26,17; Ер 4,31; 2 Лет 15,6Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; а на некои мес­та ќе има и земјотреси и глад. Тоа е по­четокот на болките. 9#1,44; 6,11; Мт 10,17-18Но вие чувајте се, зашто ќе ве предадат на судови; а по синагогите ќе ве би­јат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведувани заради Мене, за све­доштво пред нив. 10#Мт 28,19; Рим 11,25И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието. 11#Мт 10,19Кога, пак, ќе ве поведат, за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе го­ворите, ниту размислувајте; туку она, што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие што ќе зборувате, туку Светиот Дух. 12#Мих 7,6; Мт 10,35И брат брата ќе предаде на смрт, и татко чедо, и ќе се дигнат децата против родителите, и ќе ги предадат на смрт. 13#Мт 5,11; 10,22; Лк 6,22; Јн 15,18-21; 16,2; 1 Птр 4,14Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен.“
Гнасниот пустошник
(Мт 24,15-28; Лк 21,20-24; 17,23; 21,8)
14 # Дан 9,27; 11,31; 12,11 „А кога ќе видите дека гнасниот пустошник се сместил каде што не тре­ба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините; 15и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја; 16#Лк 17,31и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја! 17#Лк 23,29Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни! 18Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме! 19#Дан 12,1; Мт 24,21; Откр 16,18Зашто во тие дни ќе има мака, как­ва немало досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да има. 20И ако Бог не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спасил ниеден човек; но заради избраните, кои ги избра Тој, ќе ги скрати дните. 21Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, ов­де е Христос‘, или ‚Ене, таму е‘, не верувајте! 22#5 Мојс 13,2-4; Мт 24,11.24; 2 Сол 2,9-10; Откр 13,13-14Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните. 23Но вие – чувајте се! Ете, сѐ од­нап­ред ви кажав!
Исусовото враќање
(Мт 24,29-31; Лк 21,25-28)
24 # Ис 13,10; 34,4; Ез 32,7-8; Јоил 2,10; 3,4; 4,15; Амос 8,9; Откр 6,12-14; 8,12 Во тие дни, по маките, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, 25и ѕвездите небески ќе паѓаат, и си­лите, што се на небото, ќе попуштат. 26#4 Мојс 11,25; Дан 7,13; 7,14; Мт 8,20; Откр 1,7И тогаш ќе Го видат Синот Чо­веч­ки, како иде на облаци со голема сила и слава. 27#5 Мојс 30,3-4; Ез 37,9; Зах 2,10; Неем 1,9Тогаш Тој ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.
Споредба со смоквата
(Мт 24,32-35; Лк 21,29-33)
28 # 11,13; Мт 21,19 Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки се подмладуваат и пуштаат лисја, знаете дека е близу ле­тото. 29#Јк 5,9; Откр 3,20Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу, пред врата! 30#Мт 23,36Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се исполни. 31#Мт 5,18; Лк 16,17Небото и земјата ќе исчезнат, но зборовите Мои нема да исчезнат!“
Денот и часот го знае само Отецот
(Мт 24,36-44)
32 # Мт 24,36; Дела 1,7; 1 Сол 5,1-2 „А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот. 33#14,38; Мт 24,42; Ефес 6,18Внимавајте, бидете будни и молете се, зашто не знаете кога ќе биде часот. 34#Мт 25,14Како човек, кој заминувајќи, ја ос­тава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, на вратарот му заповеда да биде буден. 35#Мт 25,13Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, прик­ве­чер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро, 36па да не дојде ненадејно и да ве за­тече како спиете. 37#Мт 26,41Што ви зборувам вам, им го зборувам на сите: Бидете будни!“

Селектирано:

Марко 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се