Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 10:17-27

Марко 10:17-27 MK2006

А кога излегуваше на пат, дотрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“ Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еди­ниот Бог! Заповедите ги знаеш: не прељубо­деј­ствувај; не кради; не сведочи лажно; не навредувај; почитувај ги татка си и мај­ка си.“ А тој Му одговори и рече: „Учи­те­ле, сето тоа сум го запазил уште од младоста своја.“ Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште една работа ти недостасува: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене.“ Кога ги чу овие зборови, тој се из­ненади и си отиде нажален, зашто има­ше големо богатство. И кога погледа Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за бо­гатите да влезат во царството Божјо!“ А учениците се уплашија од збо­ровите Негови. Но Исус пак им одгово­ри и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо! Полесно камила ќе влезе низ игле­ни уши, отколку богат човек во цар­ството Божјо.“ А тие се чудеа многу и си велеа ме­ѓу себе: „Тогаш, кој може да се спаси?“ Кога ги погледа Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Марко 10:17-27

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност