Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 10:17-27

Марко 10:17-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога Исус излегуваше кон патот, Му притрча еден човек, клекна на колена и Го праша: „Добар Учителе! Што треба да правам за да се здобијам со вечен живот?“ Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар! Ги знаеш Божјите заповеди: Не убивај, не врши прељуби, не кради, не зборувај лаги за другите, не мами, почитувај ги мајка си и татка си ...“ Човекот Му одговори: „Учителе! Кон сите овие заповеди се придржувам уште од детството!“ Тогаш Исус милно го погледна и му рече: „Има уште едно нешто што треба да го направиш: оди, продај го сиот свој имот и раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе добиеш имот на небото. Потоа тргни по Мене и стани Мој следбеник.“ Кога го чу ова, човекот си замина разочаран и тажен, бидејќи поседуваше голем имот. Исус погледна наоколу и им се обрати на Своите ученици: „Колку им е тешко на богатите да влезат во Божјото царство!“ Учениците се изненадија од овие зборови, но Исус продолжи: „Чеда! Тешко се влегува во Божјото царство! Полесно камила ќе се спровре низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во Божјото царство!“ Учениците уште повеќе се збунија, па почнаа да си шепотат еден на друг: „Тогаш, кој може да се спаси!?“ Исус впечатливо ги погледна и им рече: „За луѓето е невозможно, но за Бог нема ништо невозможно!“

Марко 10:17-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А кога излегуваше на пат, дотрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“ Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еди­ниот Бог! Заповедите ги знаеш: не прељубо­деј­ствувај; не кради; не сведочи лажно; не навредувај; почитувај ги татка си и мај­ка си.“ А тој Му одговори и рече: „Учи­те­ле, сето тоа сум го запазил уште од младоста своја.“ Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште една работа ти недостасува: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене.“ Кога ги чу овие зборови, тој се из­ненади и си отиде нажален, зашто има­ше големо богатство. И кога погледа Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за бо­гатите да влезат во царството Божјо!“ А учениците се уплашија од збо­ровите Негови. Но Исус пак им одгово­ри и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо! Полесно камила ќе влезе низ игле­ни уши, отколку богат човек во цар­ството Божјо.“ А тие се чудеа многу и си велеа ме­ѓу себе: „Тогаш, кој може да се спаси?“ Кога ги погледа Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“

Марко 10:17-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И кога излегуваше на пат, некој притрча, клекна пред Него и Го праша: „Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?“ А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог. Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почи-тувај ги татка си и мајка си!“ Но тој Му одговори: „Учителе, сето тоа го пазев од својата младост.“ А Исус го погледна, го возљуби и му рече: „Едно не ти достига: оди, продај сѐ што имаш, и дај им на сиромасите и ќе имаш сокровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи Ме!“ А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти. И Исус погледна наоколу и им рече на Своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите во Божјото Царство!“ А учениците се зачудија од Неговите зборови. Но Исус пак проговори и им рече: „Чеда, колку е тешко да влезат во Божјото Царство, оние кои се надеваат на богатство! Полесно ѝ е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!“ А тие се зачудија уште повеќе, велеј-ќи си еден на друг: „Тогаш, кој може да се спаси?“ Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бога не е; зашто за Бога сѐ е можно!“