Почеток од Евангелието на Исус Христос, Син Божји. Како што е напишано кај пророк Исаија: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе: ‚Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господ, израмнете ги патеките Негови.‘“ Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите. И доаѓаа кај него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и тој ги крштаваше сите во реката Јордан, а тие ги исповедаа своите гревови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и се хранеше со скакулци и див мед. Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крсти со Дух Свети.“ А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јордан. И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“ Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината. И беше таму, во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа. А потоа, откако Јован беше затворен, дојде Исус во Галилеја и ја проповедаше радосната вест за царството Божјо, и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“
Прочитај Марко 1
Слушај Марко 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Марко 1:1-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа