Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Михеј 7

7
Малку има побожни
1 # Ис 24,13 Тешко мене, зашто со мене е сега како по собирање на летните пло­дови, како по гроздобер; ни зрнце за каснување, ниту рана смоква по која копнее душата моја. 2#Ер 5,1; Ос 6,9; Пс 14,1-3Нема веќе верни луѓе по земјата, нема праведни меѓу луѓето; сите кројат сплетки, за да проливаат крв; секој му става на брата си стапица. 3#Ис 1,23; Ер 4,22Рацете им се приготвени за да прават зло: началникот сака подароци, судијата суди за поткуп, а големците решаваат по своја волја и ја изопачу­ваат правдата. 4Најдобриот од нив е како трн, а најсправедливиот е полош отколку ог­рада од трње. Денот на Твоите пости, денот на Твојата казна наближува; и сега ќе ги опфати смут. 5#Ер 9,3; 12,6Не верувајте му на другарот, не потпирајте се на пријателот; пред онаа, што лежи во твојата постела, не отворај ја устата своја. 6#Мт; 10,35-36Зашто синот го угнетува татко си, ќерката се противи на мајка си, снаата станува против свекрвата; непријатели на човекот му се неговите домашни. 7#1 Мојс 49,18; Ис 8,17; Авак 2,1; Плач 3,26Јас, пак, гледам кон Господ, и за моето спасение ќе се надевам на Бога; мојот Бог ќе ме чуе.
Народот се обраќа кон Господ
8 # Ис 42,7; Пс 88,6; 107,10; Јн 8,12 Не радувај се на мојата мака, не­пријателко моја! Иако сум паднат, јас ќе станам; макар што сум сега во мрак – Господ е мојата светлина. 9#6,5; Ис 64,4Морам да го поднесам гневот Госпо­дов, – зашто сум згрешил пред Него – додека не го реши делото мое и не ја изрече правдата; тогаш Тој ќе ме изведе на светлина, и јас ќе ја видам правдата Негова. 10#Јоил 2,17; Пс 42,3.10И ќе го види тоа мојата непријателка и срам ќе ја покрие онаа што ми велеше: „Каде е Господ, твојот Бог?“ И ќе го видат тоа очите мои – и таа ќе биде згазена како кал на улица.
Светла иднина
11 # Ис 54,2; Неем 2,17 Доаѓа време, кога ќе се изѕидаат ѕидовите твои, во тоа време границите ќе се прошират надалеку. 12Во оној ден ќе доаѓаат кај тебе од Асирија до Египет, од Нил до Еуфрат, и од море до море и од планина до пла­нина. 13#Ер 7,34А земјата ќе биде пустина поради гревовите на жителите нејзини, и поради плодовите на делата нивни.
Пророковата молитва и Божјиот одговор
14 # Ер 23,3; Ез 34,1; Амос 9,11; Пс 23,1-2.4; 95,7 Паси го со жезолот народот Твој, овците на наследството Свое, оние, што живеат осамени во густа шума среде овошни градини, остави ги да пасат тие во Башан и Галаад како во стародревните дни! 15#Ис 40,3; Ер 32,21; Дела 13,17Ќе му покажам чудесни дела како во времето кога ти излезе од египетската земја. 16#Ис 26,11Ќе го видат тоа народите и ќе се засрамат при сета таа сила; ќе стават рака на устата своја, и ушите нивни ќе се заглушат. 17Ќе лижат прав како змии, како лазачи што лазат по земја, ќе излегуваат од своите скривници; ќе се упла­шат од Господ, од нашиот Бог, и ќе се уплашат од Тебе.
Кој е како Бог?
18 # 2 Мојс 34,6-7; Ер 50,20; Наум 1,3; Пс 103,9 Кој Бог е како Тебе, за да ги простува беззаконијата, да мине преку прес­тапите на остатокот од Своето наследство? Тој вечно не се гневи, зашто Тој со радост се смилува. 19#Ис 38,17Тој пак ќе се смили над нас и ќе ги сотре нашите беззаконија. Тој ќе ги фрли сите наши гревови во морските длабочини. 20#1 Мојс 22,16-18; 28,13-15; Лк 1,73Ти ќе покажеш верност кон домот на Јаков, милост кон Авраам, како што со клетва си им ветил на предците наши од најдамнешни дни.

Селектирано:

Михеј 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност