Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Михеј 6:1-8

Михеј 6:1-8 MK2006

Слушајте што вели Господ: „Стани и суди се пред горите, ридовите да го чујат гласот твој!“ Чујте го, гори, судот Господов, и вие, цврсти основи на земјата, зашто Господ му суди на Својот народ, се тужи со Израел. „Народе Мој, што ти направив и со што ти дотегнав? Одговори Ми. Јас те изведов од египетската земја, те ослободив од куќата на ропството и ги водев пред тебе Мојсеј, Арон и Мирјам. Народе Мој, сети се што кроеше Валак, царот моавски, и што му одго­вори Валаам, синот Беоров и што стана од Ситим до Гилгал – за да ги познаеш праведните дела на Господ.“ „Со што да застанам пред Господ, да се поклонам пред небесниот Бог? Да застанам ли пред Него со сепаленици, со едногодишни телци? Но може ли да Му се угоди на Гос­под со илјадници овни или неизмерни потоци масло? Дали да Му го дадам мојот првороден син за престапите свои и плодот на утробата своја – за гревовите на душата своја?“ О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност