Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Михеј 2

2
Казна за злоупотреба на власта
1 # Амос 6,1; Пс 36,4 Тешко им на оние што кројат беззаконија и на леглата свои измислуваат зли дела, и ги извршуваат штом ќе се зазори, зашто силата е во нивни раце! 2#Ис 5,8; Амос 3,10Посакаат ли ниви – ги заземаат насила, куќи – и ги одземаат; и човекот го угнетуваат, и куќата негова, стопанот и наследството негово. 3#Ез 7,5.26; Амос 5,13Затоа вака вели Господ: „Еве Јас смислувам зло против тој род од кое не ќе можете да го извлечете вратот свој, па затоа и нема да одите исправени; зашто тоа време ќе биде лошо. 4#5 Мојс 28,30-33; Авак 2,6Во она време ќе се зборува за вас, ќе плачат многу и ќе велат: наполно сме разорени; делот од мојот народ е даден на друг; како да ми се врати? Нивите наши им се веќе раздадени на освојувачите.“ 5#Ис 34,17; Пс 16,5-6Затоа не ќе имаш никого што ќе фр­ли ждрепка во собранието пред Господ. 6#Ис 30,10; Амос 2,12; 7,16Не пророкувајте – велат тие – не пророкувајте дека ќе нѐ постигне зло. 7#2 Мојс 34,6; Зах 11,8О, ти, што се нарекуваш Јаковов дом! Зар Господ ја загубил трпеливоста? Зборовите Мои зар не се благо­творни за оној, кој постапува справед­ливо? 8#5 Мојс 24,12-13Но вие се кревате против Мојот на­род како непријатели и вие им ја грабате не само горната туку и долната облека на мирните луѓе, што и не помислуваат на војна. 9#2 Цар 4,1Жените на Мојот народ ги истерувате од нивните мили домови; а од децата нивни ја одземате славата Моја. 10#2 Мојс 22,25Станете и одете си, зашто тој крај не е земја за почивка; поради нечисто­тија таа ќе биде разорена – и тоа со голема погибел. 11#Ис 28,7; Ер 5,31; Амос 7,12Ако некој ветрогон измислува лага и вели: „Ќе ти проповедам за вино и за пиење“, тој би бил добар за пророк на овој народ!
Надеж од Господ
12 # Ис 4,3; Ер 3,18; Ез 37,15-28; Ос 2,2 Навистина ќе те соберам сиот, Ја­кове, навистина ќе ги соберам остатоците Израелови; ќе ги соберам во едно како овците во трло, како стадо овци на пасиште – ќе изобилува со луѓе! 13#Јн 10,4Пред нив ќе тргне уривач на ѕидови; тие ќе ги разбијат преградите, ќе влезат низ портите и ќе излезат низ нив, и царот нивни ќе тргне пред нив, и Господ – ќе биде на чело.

Селектирано:

Михеј 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се