Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 9:18-31

Матеј 9:18-31 MK2006

Додека Тој им говореше за тоа, ете еден началник се приближи до Него, Му се поклонуваше и велеше: „Ќерка ми штотуку умре; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.“ И како стана Исус, тргна по него, заедно со учениците Свои; и ете, една жена, која беше стра­да­ла дванаесет години од крвавење, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова. Зашто си велеше: „Само ако се до­п­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“ А Исус штом се заврти и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!“ И оздраве жената во тој час. И кога дојде Исус во куќата на на­чалникот и ги виде свирачите и народот ожалостени, им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. Но штом го истера народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа ста­на. И се расчу тоа по целиот тој крај. А кога Исус си одеше оттаму, трг­наа по него двајца слепи и викаа: „Сми­лувај ни се, Исусе, сине Давидов!“ А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го напра­вам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“ Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ва­ша!“ И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не дознае!“ А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја.