Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 6:7-15

Матеј 6:7-15 MK2006

Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени; вие, пак, немојте да бидете како нив, зашто вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да Го по­молите. Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, ка­ко што и ние им ги проштеваме на на­шите должници; и не воведувај нѐ во искушение, но из­бави нѐ од лукавиот, (зашто Твое е цар­ството, и силата, и славата во сите ве­ко­ви. Амин!). Бидејќи, ако им ги простите на лу­ѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен. Ако, пак, не им ги простите гре­во­вите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Матеј 6:7-15