Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 6:7-15

Матеј 6:7-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не Го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост. Не бидете како нив, зашто вашиот небесен Татко ги знае вашите потреби уште пред да Го молите за нив. Затоа, молете се вака: ,Татко наш, Кој си на небесата: нека се почитува Твоето Име! Нека дојде Твоето царство, нека се извршува Твојата волја овде на Земјата, како што се извршува на небото. Дај ни ја неопходната храна за денешниот ден. Прости ни ги нашите гревови, како што и ние веќе им простивме на оние што нам ни згрешија. Не оставај да им потклекнеме на искушенијата, но избави ни од Лукавиот‘. (Зашто Тебе Ти припаѓаат и Царството, и силата, и славата, за вечни векови, амин.) Зашто, доколку вие им ги простувате гревовите на другите, ќе ви ги прости и вам вашиот небесен Татко. Но, ако вие не им простувате на луѓето, ни вашиот небесен Татко нема вам да ви ги прости вашите гревови.“

Матеј 6:7-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени; вие, пак, немојте да бидете како нив, зашто вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да Го по­молите. Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го денес; и прости ни ги долговите наши, ка­ко што и ние им ги проштеваме на на­шите должници; и не воведувај нѐ во искушение, но из­бави нѐ од лукавиот, (зашто Твое е цар­ството, и силата, и славата во сите ве­ко­ви. Амин!). Бидејќи, ако им ги простите на лу­ѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен. Ако, пак, не им ги простите гре­во­вите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.“

Матеј 6:7-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

“А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови. И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите. Туку молете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име; да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата; нашиот насушен леб, дај ни го денес; и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во сите векови. Амин!“ “Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам. Ако вие не им ги простите на луѓето нивните пре-стапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.“