Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 27:57-66

Матеј 27:57-66 MK2006

А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исус; тој отиде кај Пилат и го побара те­лото Исусово. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото. А Јосиф, штом го зеде телото, Го завитка во чисто платно, и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа; па, от­како постави голем камен над гробната врата, си отиде. А таму беа Марија Магдалена и другата Марија, кои седеа спроти гробот. На другиот ден, по петокот, се соб­раа првосвештениците и фарисеите кај Пилат, и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ‚По три дни ќе воскреснам!‘ Затоа нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учени­ците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ‚Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“ Пилат им рече: „Имате стража; одете и осигурајте го како што знаете.“ Тие отидоа и со стража го осигураа гробот, а каменот го запечатија.