Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 27:1-31

Матеј 27:1-31 MK2006

А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини напра­ви­ја договор против Исус за да Го убијат; и откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат. Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Тој осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на прво­свештениците и старешините, велејќи им: „Згрешив, зашто пре­да­дов невина крв!“ А тие му одговорија: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“ Тој ги фрли сребрениците во хра­мот, излезе и отиде, та се обеси. Првосвештениците ги собраа сре­бре­ниците и рекоа: „Не чини да се стават во црковната каса, бидејќи се пла­те­ни за крв.“ Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за да погребуваат во неа луѓе од други места. Затоа и до денес таа нива се вика Крвна нива. Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија: „И ги зедоа три­е­сет­те сребреници, цената на Непроцен­ли­виот, Кого Го оценија синовите Израе­л­ови, и ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ.“ И Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти ве­лиш.“ И кога Го обвинуваа прво­свеш­те­ни­ци­те и старешините, Тој ништо не одговараше. Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?“ И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу. А на секој празник Пасха управ­ни­кот имаше обичај да му пушта на народот по еден затвореник, кого што би го побарале. Тогаш тие имаа еден прочуен зат­вореник, по име Варава. И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?“ Зашто знаеше дека Го беа предале од завист. Во тоа време, кога тој седеше во су­дот, жена му порача да му кажат: „Не прави му ништо на Тој Праведник, заш­то денеска многу пострадав на сон заради Него.“ Но првосвештениците и ста­ре­ши­ни­те го наговорија народот да го из­мо­ли Варава, а Исус да Го погуби. Тогаш управникот ги праша: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава!“ Пилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одгово­рија сите: „Да биде распнат!“ Управникот рече: „Па какво зло на­правил?“ Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!“ Пилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде во­да, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Правед­ник; мислете му вие!“ И одговарајќи целиот народ, рече: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!“ Тогаш им го пушти Варава, а Исус, откако Го камшикуваа, Го предаде да биде распнат. Потоа војниците на управникот Го зедоа Исус во судницата и ја собраа целата чета околу Него, па, откако Го соблекоа, Му облекоа ба­греница; исплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ И плукаа на Него и со трската Го удираа по главата. А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност