Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 25:1-13

Матеј 25:1-13 MK2006

„Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот. Петте од нив беа мудри, а петте не­ра­зумни. Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло; а мудрите, заедно со светилките, зе­доа во садовите свои и масло; и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пре­че­ка­те!‘ Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки. Неразумните, пак, им рекоа на муд­рите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘ Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: по­добро одете кај продавачите и купете си!‘ А кога тие отидоа да купат, прис­тигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија. Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘ А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘ И така, бидете будни, зашто не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност