Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 24:44-51

Матеј 24:44-51 MK2006

Затоа и вие треба да бидете подгот­вени, зашто Синот Човечки доаѓа во ча­сот кога не очекувате.“ „Кој е, пак, тој верен и мудар слуга, кого ќе го постави господарот негов над слугите свои да им дава навреме храна? Блазе на тој слуга, кого, кога ќе дојде господарот негов, го наоѓа дека постапува така; вистина ви велам дека над целиот свој имот ќе го постави него. Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето свое: ‚Господарот мој уште за долго време нема да дојде‘, па почне да ги тепа другарите свои и да јаде и пие со пијаниците, господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува, и во час што не го знае; и ќе го исече на парчиња, и ќе му даде еднаква награда со лицемерите; та­му ќе биде плач и крцкање со заби.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Матеј 24:44-51

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност